сабота, 23 ноември 2024

Спасовски во Брисел на презентација на стратешкиот документ за полициската улога во иднината на Европа

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Министерството за внатешни работи (МВР), на презентацијата присуствувале претставници на Советот на полициските синдикати на Европа, на Советот на Европа, како и Рикардо Валадас, претседател на Советот на полициските синдикати на Европа.
 
„Високо ги цениме напорите на ЦЕСП и на сите партнери кои учествуваа во подготовката на овој нов значаен документ, за кој изразувам надеж дека ќе ги оствари визиите на неговите автори да биде нова светла и силна порака за секој полициски службеник и за полициското работење во Европа. Сепак, степенот на развој на интеграциите ги воедначува бројните полициски активности кои можеме да ги анализираме низ призмата на заеднички прашања или задачи што ги извршуваат повеќето или сите полициски служби во Европа. Со нетрпение очекуваме да се запознаеме со предложениот модел на унапредување на полициската професија, како и со новиот полициски пристап на одговор на современите безбедносни предизвици“, рекол министерот Спасовски.
 
Тој искажал уверување дека со внимание ќе се пристапи кон анализа на предложените мерки и активности и, како што посочил, сите предлози кои се соодветни, реални, мерливи и применливи за условите и приликите во Македонија, ќе бидат прифатени и ќе станат дел од редовното полициско работење.
 
„Токму во таа насока се одвива и професионалната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат. Заеднички, а со силна посветеност за изградба на современа полициска служба која ќе биде гарант на европските вредности, но и ќе работи во европски услови, успеавме да реализираме бројни успешни проекти кои имаа цел да ги подобрат условите за работа на полициските службеници и да ја промовираат полицијата во најпочитуваната институција во Република Северна Македонија“, истакнал Спасовски,  потенцирајќи ја  отвореноста за продлабочување на таквата соработка, како со Македонскиот полициски синдикат, така и со Советот на европските полициски синдикати.
 
Претходно,во рамки на работната посета на Брисел, Спасовски оствари билатерална средба со претседателот на Советот на Полициските синдикати на Европа,  Рикардо Валадас.
 
Изразувајќи го задоволството од партнерската соработка, министерот Спасовски ја потврдил посветеноста на МВР кон воспоставување и имплементирање на најдобрите европски практики во полициското работење.
 
„Дотолку повеќе што веќе заеднички ги носиме  стратешките одлуки, како и тактичките и оперативни процедури,  се со цел создавање на полиција вистински сервис на граѓаните и гарант на безбедноста.Во таа насока би ја истакнал и нашата партнерска соработка, преку напорите на Советот на Полициските синдикати на Европа и на сите пријатели и партнери кои учествуваа во подготовката на овој нов значаен документ. Уверен сум дека истиот ќе ги исполни очекувањата и идеите на полициските службеници за полициското работење во Европа”, истакнал министерот Спасовски, додавајќи дека предложениот модел на унапредување на полициската професија е одговор на современите безбедносни предизвици.
Според министерот, предложениот модел на унапредување на полициската професија, претставува одговор на современите безбедносни предизвици. Предложените мерки и активности кои се применливи за условите во Македонија, нагласил Спасовски,  ќе биде прифатен како дел од редовното полициско работење.

Претседателот на Советот на Полициските синдикати на Европа, Рикардо Валадас, истакнал дека во ЦЕСП имаме вистински партнер  како во обуки и експертиза така и во  делот на остварување на демократските принципи во полициското работење а со тоа обезбедување на сигурноста и безбедноста на граѓаните.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ