„Советот беше единствен во она за што разговаравме, сите ги изнесоа своите мислења. Не би кажал дека тоа беше едногласно, но сите ги истакнуваа истите елементи: неприфатливост на она што се случи – масовни убиства и насилство“, им кажа рускиот дипломат на новинарите.
Жестоки судири избија во Сирија во провинциите Латакија и Тартус на 6 март меѓу сириските безбедносни сили и војската на една страна и оружени групи кои се против новата власт во Дамаск на другата страна. Според најновите податоци на невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права, 830 цивили, припадници на алавитската заедница, се убиени од почетокот на судирите на крајбрежјето на Сирија.