„Случаи на Ковид има сѐ помалку, а варијантите на грип се очекува да кулминираат на крајот на февруари и почетокот на март иако не е секоја година идентична по однос на активноста на вирусите и нивната трансмисија“, рече Мехмедовиќ во гостувањето на ТВ Телма.
Во однос на големата кашлица кое е бактериско, а не вирусно заболување, во земјава има само два случаи, за разлика од Србија и во Црна Гора и особено во Хрватска каде со над пет илјади случаи ситуацијата е драматична и од каде што и почна да се шири болеста низ Балканот, кажа Мехмедовиќ.
Дали може да се рашири кај нас откако наши граѓани се вратија од зимување во Србија, д-р Мехмедовиќ одговори дека големата кашлица не може да се добие на отворено, туку ако подолго време се престојува во една затворена просторија и дека обично заболуваат деца и тие што работат со нив – воспитувачи и учителки, а болеста е најсериозна кај новороденшиња и деца до 2 години.