Од неодамна се појави информација дека се актуелизира идејата за проширување на репрезентациите за Европското првенство, сега е почната реализација на ова.
Првиот чекор е направен, одлуката е изгласна од страна на делегатите. Во наредните денови се очекува извршниот комитет на УЕФА да ја ратификува одлуката и таа да стане и официјална.
УЕФА и за минатото Европско првенство донесе одлука за проширување на составите на 26 фудбалери. Тогаш таа мерка беше поттикната од пандемијата со ковид-19. Сега се очекува ова да стане пермаментно правил кое ќе важи и за сите идни Европски првенства.