сабота, 15 март 2025

Воената индустрија на БиХ цвета, извозот драматично расте

Воената индустрија во Босна и Херцеговина света поради нестабилната геополитичка ситуација низ светот, а компаниите од таа земја кои произведуваат муниција од почетокот на годината остваруваат рекордни извозни резултати, покажуваат податоците кои ги собираат владините агенции.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Управата за индиректно оданочување на БиХ (УНО), која во таа земја е еквивалент на царинска управа, објави дека во текот на првите два месеци оваа година вредноста на извозот на воена опрема достигнала 91,2 милиони конвертибилни марки (46,6 милиони евра). Иако таа бројка сама по себе не изгледа импресивно, важно е тоа што станува збор за двојно поголема вредноста во споредба со истиот период во 2024 година, односно за разлика од 50 милиони конвертибилни марки (26 милиони евра).

Вредноста на овој извоз за БиХ е уште позначајна бидејќи таа земја не произведува сложени и скапи оружени системи, туку главно муниција која е евтина, но сè повеќе барана. Според податоците на УНО, во текот на двата месеци оваа година најбарани производи од БиХ биле бомбите, гранатите, торпедата, мините, ракетите, воената муниција и делови.

Како и претходните години, БиХ најмногу оружје извезла во Чешка, Соединетите Американски Држави, Саудиска Арабија и Србија, според податоците на УНО.

Една од тие компании е Технички ремонт од Братунац во источна Босна од каде се извезува главно на Блискиот исток, но и во Италија, Романија и јужниот дел на Африка.

Сопственикот на таа компанија Славенко Ристиќ вели дека податоците за растот на извозот не изненадуваат бидејќи геополитичките случувања и кризата во светот поттикнуваат страв од нови конфликти. „Тоа ѝ дава прилика и шанса на нашата наменска индустрија да најде место на светскиот пазар, како индустрија која не нуди политика, туку нуди производи“, кажа Ристиќ.

Неговата проценка е дека предноста на БиХ е тоа што е единствената држава на Балканот која „не нуди своја политика, туку добри производи по конкурентна цена“. „Нашата индустрија на тој начин расте и ние секако ќе вложуваме во проширување на капацитетите, односно ќе ја искористиме приликата да го задржиме мирот во нашата држава, а да обезбедиме можност на други држави да се одбранат“, оцени Ристиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ