понеделник, 21 октомври 2024

Состави: Де ла Фуенте и Саутгејт ги одбраа фудбалерите со кои ќе го почнат големото финале

Селекторите на Англија и Шпанија не направија некои посебни изненадувања за денешното финале, настапуваат со проверени стартни постави.

Објавено на

часот

Сподели

На голот на Англија е Пикфорд, централно во одбраната Геј и Стоунс, а по страните Шо и Вокер. Во средината се Рајс и Маино, пред нив Белингем, а странично ќе напаѓаат Фоден и Сака, најистурен ќе биде Хари Кејн. Тоа е вообичаената формација на Герет Саутгејт која е нешто изменета на приказот од УЕФА, кој секогаш не е точен.

За Шпанија на голот е Унаи Симон, централно во одбраната се Ле Норманд и Лапорте, странично Кукуреља и Карвахал, во средината се Родри и Фабијан Руиз, пред нив е Олмо, страничното дуо е поколниот тандем Јамал и Нико Вилијамс, а напред Мората.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ