петок, 24 јануари 2025
Србинот е голем фан на „росонерите“

Сопственикот на Милан имал луда идеја, сакал да го ангажира Ѓоковиќ како тренер

Медиумите од Италија пренесуваат дека сопственикот на Милан, Гери Кардинале имал луда идеја и сакал да го ангажира Новак Ѓоковиќ за тренер, Србинот ќе требал да им помага на фудбалерите кои се мачат и да им дава поддршка на оние со ниска мотивација.

Објавено на

часот

Сподели

Нова Ѓоковиќ, кој има освоено најмногу Гренд-слем титули во историјата, е голем фан на „росонерите“, па сопственикот на Милан, Гери Кардинале сакал да го искористи ова и да го направи Србинот дел од клубот.

Весникот Република објави дека Гери Кардинале сакал да донесе човек кој ќе може да им помага на фудбалерите кои се мачат, да им дава поддршка на оние со ниска мотивација и да држи мотивациони говори.

Новак Ѓоковиќ бил споменат како можен соработник, но сепак немало формални разговори за Србинот да стане психолог на „Сан Сиро“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ