вторник, 11 февруари 2025

Сопственикот на Далас го понижи Дончиќ: Ни требаат вредни, не мрзеливи кошаркари

Газдата на Далас, Патрик Думонт конечно даде коментар за заминувањето на Лука Дончиќ во Лејкерс кој клубот го размени за Ентони Дејвис.

Објавено на

часот

Сподели

Според изјавата на Думонт, Дончиќ за него нема шампионски карактер, е мрзелив, не работи доволно напорно за да станат шампиони.

„Тимовите победуваат затоа што кошаркарите се фокусирани и имаат силен карактер. Тие покажуваат силна посветеност и работат напорно за да помогнат на патот кон шампионскиот прстен. Ако не се работи така, тогаш поразот е неизбежен. Ако ги погледнете легендите како Џордан, Коби, Шекил, тие тренираа напорно секој ден. Ако го немате тоа, тогаш нема резултати. Ако го немате тоа, нема зошто да бидете дел од Далас“, кажа Думонт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ