Откако сопственоста на Челси премина во рацете на конзорциум предводен од Тод Боли, „сините“ трошеа како никој друг и одвоија повеќе 1 милијарда фунти на нови играчи.
И покрај тоа што се потпишуваа долгогодишни договори за сумата да се амортизира на подолг рок, „сините“ бележат големи загуби и ризикуваат да ги прекршат правилата за Финансиски фер плеј, а со тоа и да им бидат одземени бодови.
Последните информации сигурно нема да им се допаднат на ривалите, Челси продал два хотели за речиси 76 милиони фунти со цел да ги намали загубите.
Сомнително е тоа што компанијата која ги купува хотелите е во сопственост на Тод Боли и неговите соработници, па испаѓа дека тие сами на себе си продаваат.