На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), информираат од МВР.
Од СВР Битола велат дека на територијата што ја покриваат им се изречени казни на 18 возачи во чиј организам било откриено присуство на алкохол над дозволеното, при што е споделена фотографија од дрегер-уред кој покажува дека еден возач имал 1.38 промили алкохол во крвта. При контролата изречени се и 16 казни за други вид прекршоци.
На територијата на СВР Тетово полицијата со алко-тест откри 21 алкохолизиран возач.
Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност.Покрај ова, времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предуредуваат од МВР..