Од казнетите 311 возачи, шестмина возеле со брзина од над 50 километри над дозволеното, 194 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 117 надвор од населено место.
Во Скопје, покрај казнетите 88 возачи за брзо возењем, изречени се и 21 санкција за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 26 санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.