Во Скопје наутро со појава на магла или ниска облачност, во текот на денот сончево со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 25 степени.
Следува период на стабилно и потопло време, освен во текот на ноќта кон недела кога ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд. Во сабота ќе дува засилен јужен ветер.