Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
И утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 31 до 39 Целзиусови степени.