Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Како што информира УХМР, ќе продолжи периодот на релативно топло време. В среда кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои ќе продолжат во текот на ноќта и в четврток, кога ќе бидат проследени со ретки грмежи. Услови за локален дожд ќе има и в петок.