Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 29 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 6.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од пладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Од петок под влијание на јужно воздушно струење времето ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме.