Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб променлив ветер.
И утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 24 до 36 Целзиусови степени.