Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Од утре под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува сончево и потопло време. Температурата ќе биде во пораст, а за време на викендот и на почетокот на неделата претежно во јужните делови ќе има услови за појава на попладневна нестабилност со повремен пороен дожд проследен со грмежи, наместа процесите ќе бидат и во вид на изолирано невреме со пороен дожд, грмежи и услови за град.