среда, 12 март 2025

Сојуз на борци: Повикот на Општина Тетово за преименување на улиците е обид на Касами да покаже демократија

Општина Тетово само се обидува да глуми демократија и вклученост на граѓаните, а дека во суштина предлогот за преименување на улиците е веќе на бирото на градоначалникот, реагира Сојузот на борците од НОБ од Тетово на повикот на општината за давање предлози за именување на улици со рок до 10 март.

Објавено на

часот

Сподели

„Општина Тетово продолжува да го води процесот за преименување на улици во градот и именување на нови улици и во таа насока објави 30 дневен јавен повик за доставување на предлози. Општина Тетово ги игнорира јавните апели на Сојузот на борци, политичките партии и граѓаните, како и ставот на Владата дека е неприфатливо преименување на постоечки имиња на улици во градот Тетово и упорно води постапка и за преименување на улици“, се вели во соопштението на Сојузот на борци и граѓаните поддржувачи.

Тие сметаат дека повикот е само обид на Касами за да покаже демократија.

„Будно го следиме процесот и примаме почетни загрижувачки информации кои говорат дека Општина Тетово само се обидува да глуми демократија и вклученост на граѓаните, а дека во суштина предлогот веќе е на бирото на градоначалникот. Законот забранува водење на постапка за определување на имиња на улици најмалку 6 месеци пред одржување на локални избори, па ваквото брзање, глумење демократија, игнорирање на апели и поминување на претходно зацртани предлози е само во служба на предизборието и креирањето на меѓунационална криза и треба веднаш да престане“, велат од Сојузот.

На 11 февруари Сојузот на борците од НОБ поднесе иницијатива за оценување на уставност и законитост на Одлуката на Советот на Општина Тетово од 2007 година која се однесува на промена на имиња на улици, а што не беше прифатена од Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ