сабота, 27 јули 2024

Социјалните мрежи можат сериозно да го загрозат менталното здравје на младите

Објавено на

часот

Сподели

„Клучната работа е во тоа што немаме доволно докази за да заклучиме дека социјалните мрежи се всушност доволно безбедни за нашите деца. Тоа е навистина важно родителите да го знаат“, кажа Мурти за агенцијата Асошиејтед прес.

Во извештајот објавен во рамки на истрагата за кризата на менталното здравје без преседан кај младите во САД, се истакнува дека сегашните контроли на пристапот до мрежите од страна на децата не функционираат. И покрај тоа што за повеќето платформи минималната возраст е 13 години, речиси 40 отсто од децата од осум до 12 години се редовни корисници.

Се истакнува дека бројот на адолесценти кои имаат проблеми со депресија и анксиозност ќе порасне за речиси 30 отсто, а дека социјалните мрежи се јасен фактор.

Белата куќа формира нова работна група за децата и здравјето и безбедноста на интернет. Задача на групата ќе биде да ја идентификува потенцијалната штета која ја претставуваат онлајн платформите и да смисли алатки дизајнирани за борба против проблемите.

Во последните години расте загриженоста поради влијанието кое популарните онлајн платформи го имаат на децата. Френсис Хојген во 2021 година откри дека Фејсбук и Инстаграм ги насочувале младите корисници кон штетни содржини, вклучувајќи материјали кои промовираат анорексија, и дека исклучително таргетирале деца помлади од 13 години.

Една интерна студија од матичната компанија на Фејсбук, Мета, покажала дека 14 отсто од тинејџерките кажале дека нивните самоубиствени мисли се засилиле кога го користеле Инстаграм, додека 17 отсто кажале дека ги влошува нарушувањата во исхраната.

Мурти истакна дека е свесен дека технолошките компании се обиделе да ги направат платформите побезбедни и поздрави, но дека тоа не е доволно. Истакнува дека периодот на адолесценција е клучен за развојот на човечкиот мозок, дека тогаш се формира чувството за сопствената вредност и се појавуваат здравствените предизвици како депресијата.

Претераната употреба на социјалните медиуми, која може да предизвика компулсивно или неконтролирано однесување, може да доведе и до проблеми со спиењето и да го смени невролошкиот развој на мозокот на адолесцентот.

Во извештајот се наведува дека употребата на социјалните мрежи често предизвикува пад на задоволството од животот, особено за девојчињата од 11 до 13 години и момчињата од 14 и 15 години.

„За секое семејство можеби нема да биде изводливо да го спречат своето дете да ги користи социјалните медиуми“, кажа Мурти за АП. „Но ограничувањето на употребата на социјалните медиуми во животот на вашето дете за да има време и простор кои се без технологија, може поприлично да помогне“, истакна тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ