Партиски извори брифираат дека во текот на викендов текстовите на законските измени ќе бидат подготвени и дека како подносители ќе се јават пратеници од новите коалициски партнери на мнозинството.
Можноста многу брзо да се расправа за овие законски измени ја најави и новиот претседател на Собранието на Македонија, Африм Гаши во своите први јавни настапи.
И Арбен Таравари, еден од лидерите на Вреди и градоначалник на Гостивар ја најави таа можност велејќи дека „не е фер граѓаните да излегуваат на избори за градоначалник сега, а потоа пак идната година“.
Таравари ќе почека до понеделник за да донесе одлука дали ќе прифати да биде министер за здравство или ќе остане градоначалник. За вршител на должност тој веќе има план тоа да биде претседателот на Советот на Гостивар.