среда, 23 октомври 2024

Собранието избра заменик генерален секретар и го потврди мандатот на пратеничката Златевска

Собранието во рамките на денешната 11. седница едногласно со 86 гласа за го верификува мандатот на пратеничката Бисерка Златевска од коалицијата Твоја Македонија која доаѓа на местото на Иван Живковски кој од Владата беше именуван за директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Објавено на

часот

Сподели

Воедно, пратениците без расправа ги разреши досегашните заменици на генералниот секретар на Собранието, Мики Милковски и Неџмедин Ибраими и на нивно место беше именуван Бобан Стојановски на кој му престана функцијата член на Државната изборна комисија.

Вечерва Собранието, во рамки на 11. седница, со 76 гласа за, 16 против и без воздржани ги избра и замениците министри во Владата.

Пратениците денеска дадоа зелено светло за натамошно читање на предлог на закон за изменување на Законот за здравствената заштита. Со овие измени се предвидува укинување на економските директори во 40 болници и јавните здравстевни установи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ