Откако беше потпишан Колективен договор со Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, синдикатите на пет јавни универзитети – во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“ – Охрид и „Мајка Тереза“ – Скопје од Собранието како нивни основач побараа да се потпишат и нивните колективни договори за да не бидат дискриминирани и во нерамноправна положба во однос на Скопскиот универзитет.
Како што беше посочено, поради политичките околности и законски бариери овие универзитети биле ускратени да ги остварат овие права и за иста сложеност, ист обем на работа и исто образование да се добива иста плата на јавните високообразовни и научни установи.
Заради изедначена вредност на коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи од буџетската сметка и заради развојот на високообразовната дејност во земјава, со законски дополнувања се усогласуваат коефициентите и законски се доведуваат во рамноправна положба сите вработени во јавните високообразовни установи.