понеделник, 30 декември 2024

Собрание: Ќе има ли предвремени избори во Аеродром, Гостивар и Сарај

На денешната собраниска седница ќе се расправа и за предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка. Со овие измени се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината.

Објавено на

часот

Сподели

За да се изгласа овој закон потребно е двотретинско мнозинство. Според информациите од Собранието, пратениците на ДУИ ќе го поддржат законот, а пратеничката група на СДСМ до вчера доцна попладне немаше се уште изградено став како ќе гласа на седницата за овој закон.

По парламентарните избори во земјата и изборот за министри и пратеници, в.д. градоначалници има во Аеродром, во Гостивар и во Сарај.

На предложениот дневен ред на седницата се предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање, предлог за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, предлог за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно – истражувачка дејност, од редот на студентите. Потоа измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за медиуми, измени на Законот за архивски материјал, на Законот за користење на податоците од јавниот сектор, измени и дополнувања на Законот за бесплатна правна помош, сите по скратена постапка и други.

На дневен ред се и неколу закони во прво читање  и годишни извештаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ