сабота, 19 октомври 2024

Соборениот претседател на Нигер бара помош од Американците: „Ви пишувам како заложник“

Објавено на

часот

Сподели

Тој, исто така, предупреди дека регионот би можел уште повеќе да потпадне под руско влијание преку групата Вагнер, која делува во соседните земји. Западните земји стравуваат дека Нигер би можел да го следи примерот на своите соседи и да се сврти кон Русија како сојузник и дека тоа ќе ги зајакне исламистите, а соседните западноафрикански земји на Нигер се заканија со воена интервенција.

Лидерите на пучот вчера објавија дека ги повлекуваат амбасадорите од Франција, САД, Нигерија и Того. Само неколку часа претходно, амбасадорот на Нигер во САД, Киари Лиман-Тингири, изјави за АФП дека хунтата „треба да се вразуми“ и да сфати дека „нивната кауза не може да успее“.

Нигер е главен производител на ураниум, гориво од суштинско значење за нуклеарната енергија. Исто така, под соборениот претседател Базум, таа земја беше еден од клучните сојузници на Западот, со кој ја водеше борбата против исламистите во Сахел.

Во напис за американскиот весник Базум истакна дека „борбата за заеднички вредности, плурализам и почитување на владеењето на правото е единствениот пат кон одржлив напредок против сиромаштијата и тероризмот“. Тој, исто така, тврди дека пучистите се поврзани со платеници од Вагнер кои имаат злобно влијание во Нигер и дека целиот регион Сахел може да потпадне под руско влијание.

Стотици приврзаници на хунтата во Нигер вчера маршираа низ улиците на главниот град Ниамеј, протестирајќи против западноафриканските санкции, извикувајќи проруски слогани и веејќи руски знамиња. Иако лидерот на Вагнер го поздрави пучот како триумф, САД велат дека нема индикации дека Вагнер бил вмешан во соборувањето на Базум.

Руската влада, од друга страна, повика на враќање на власт на сменетиот претседател.

Генералот Абдурахман Тиани, поранешен шеф на претседателската гарда на Нигер, го приведе претседателот Мохамед Базум во неговата резиденција минатата среда, прогласувајќи се себеси за шеф на државата во седмиот државен удар во Западна и Централна Африка од 2020 година.

Военото преземање беше осудено од меѓународната заедница, вклучително и ЕУ, ОН и САД. Претседателот Базум е првиот демократски избран претседател кој наследи друг во Нигер. Нигер е клучен дел од африканскиот регион Сахел, област зафатени од џихадисти и опколена од воени режими. Во последниве години, тој се смета за пример за релативна стабилност, додека неговите соседи Мали и Буркина Фасо подлегнаа на воените удари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ