четврток, 26 декември 2024

Со возило се обидел да удри во полицајци

Рано утрово на автопатот А1, во близина на село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Б.К. (43) од село Злеово, радовишко. Тој на регионалниот пат помеѓу селата Прдејци и Смоквица, гевгелиско, тсо патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото се обидел да удри еден од нив.

Објавено на

часот

Сподели

Притоа, полицискиот службеник од службениот пиштол пукал во гумата на возилото и тој застанал. Лицето било задржано во полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ