сабота, 19 октомври 2024

Со упат од матичен или педијатар, кумановчани ќе се тестираат дали имаат голема кашлица

ПЦР метода за детекција на голема кашлица (пертусис) е воведена во лабораторијата на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Куманово, соопштија денеска надлежните од установата. Пациентите можат со упат од матичен лекар да се тестираат за ова заболување.

Објавено на

часот

Сподели

„Методата е безболна, се зема брис од грло и нос. Во рок од 24 часа се добиваат резултати. За неколку дена испитани се 30 пациенти, од нив три пациенти родени 2023, највозрасниот е роден 1976 година. Најмладите пациенти беа испратени на лекување на Клиника за детски болести“, изјави Весна Стефановска, специјалист по микробиологија.

Освен со упат од матичен лекар, се испитуваат примероци од пациенти од општина болница Куманово преку упат од специјалист педијатар.

Големата кашлица се пренесува преку кашлање, кивање. Единствен резервоар е човекот и исклучиво се пренесува од човек на човек.

„Појавата на заболувањето е резултат на невакцинирањето на дечињата. Најдобра превентивна заштитна мерка е вакцината. Станува збор за капкова инфекција која се пренесува преку кивање, кашлање. Првата фаза од болеста се карактеризира со кивање, кашлање, солзење очи, течење нос, следува втора фаза на непрестајно кашлање  и трета фаза е  заздравување“, појаснува Стефановска.

Инкубацијата е една до две недели од инфекцијата. Најмногу страдаат најмладите.

Стефановска повика децата на време да се вакцинираат. Кај повозрасните клиничката слика е поблага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ