среда, 23 октомври 2024
По наредба на претседателката на Македонија

Со стотина војници и два хеликоптери Армијата од утрово го гасне пожарот во Неготинско (ФОТО)

Началникот на Генералштабот на Армија соопшти дека добил наредба од претседателката на Македонија да се активира војската во гаснењето на пожарот во регионот на Неготино. На терен се и полицски сили, пожарникари, доброволци, ловџии, тешка механизација и цистерни ангажирани од Кавадарци и Неготино. Патот кон Штип е отворен за сообраќај.

Објавено на

часот

Сподели

„По наредбата од страна на претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска Давкова, за ангажирање на Армијата за справување со пожарите во реонот на неготинско, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски нареди ангажирање на потребни капацитети на Армијата.

Притоа, стотина припадници на Армијата и два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ во раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнаа со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта.

Армијата согласно својата мисија и задачи останува максимално подготвена во извршувањето на својата уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогоди секогаш кога било потребно“, се вели во соопштението на Генералштабот.

Инаку, во гаснењето на пожарот покрај армијата и пожарникарите, ангажирани се и сили на полицијата, како и општините Кавадарц и Неготино кои од утрво излегоа на терен со механизација и цистерни, а се придружија и доброволци, како и ловџии. На теренот е пристигнато и едно противпожарно возило од Пехчево, како и од подружницата на Национални шуми од Демир Капија.

Вообичаено, при вакви пожари, распалувањето на огнот е со покачување на температурата во воздухот, околу пладне, велат пожарникарите.

Од СВР Велес потврдија дека од 08:50 часот утринава е пуштен за сообраќај патот Неготино – Штип, што синоќа беше затворен за сообраќај поради пожарите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ