четврток, 6 март 2025

Со сопругата го гледаше натпреварот од трибини, па се пресоблече и седна на клупа по повредата на Нојер

Мануел Нојер на бизарен начин заработи повреда на синоќешниот натпревар против Баер Леверкузен, а ова придонесе за луди сцени на Алианц Арена, резервниот голман Свен Улрајх се симна од трибини и седна на клупа.

Објавено на

часот

Сподели

Баерн Минхен синоќа со 3-0 го беди Баер Леверкузен во првиот натпревар во осминафиналето во Лигата на шампиони и направи значаен чекор кон следната фаза.

Натпреварот донесе и една бизарна повреда, која пак предизвика луди сцени на Алианц Арена.

Имено, во 58. минута се повреди Мануел Нојер и тоа додека го прославуваше голот за водство од 2-0.

Винсент Компани мораше да го замени голманот и на негово место во игра го вметна младиот Јонас Убриг.

Третиот голман Свен Улрајх, иако беше пријавен за настап, мечот го следеше од трибините на Алианц Арена во друштво на сопругата, па за Баерн да не се најде во незгодна ситуација при нова голманска повреда, искусниот чувар на мрежата веднаш се симна на теренот, се пресоблече во спортска опрема и седна на клупата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ