сабота, 23 ноември 2024

Со празниците и празнични сообраќајни правила во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат единствено во сабота (15 април), а другите денови (петок, недела и понеделник) ќе бидат неработни за сите продажни места.

Жичарницата претстојниве празнични денови (од утре до понеделник) ќе работи вообичаено, од 10 до 18 часот. Нема да работи во вторник (18 април).

Линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) ќе сообраќаат по неделен возен ред. 

На 14, 16 и на 17 април – петок, недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

„Согласно програмата за неработни денови за 2023 година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и следствено на тоа, паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието, ќе работат со вообичаено работно време. Депото на „пајак“ службата ќе работи 24/7 за време на празниците“, се посочува во соопштението со честитка за празниците.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во дирекцијата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе продолжи во вторник со вообичаено работно време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ