петок, 18 октомври 2024

Со „Последниот балкански вампир“ на Дуковски и Поповски се затвора „Војдан Чернодрински“ во Прилеп 

Објавено на

часот

Сподели

Новата претстава, која имаше премиера пред еден месец во Нови Сад со нетрпение ја очекува фестивалската публика, а ќе се игра во чест на наградените театарски уметници. Наградите ќе бидат соопштени денеска на пладне, на прес конференција, а жирито е во состав: Јанко Љумовиќ, продуцент и професор на Факултет за драмски уметности од Црна Гора, Милош Латиновиќ и Мирослав Мики Радоњиќ, двајцата менаџери на театри во Србија. Преведувач од македонски јазик на текстот е Вера Василиќ, драматург – Николина Ѓукановиќ, сценографијата е на Александар Поповски и Жељко Пишкориќ, а костимите на Миа Поповска. Музиката е на нашиот композитор Марјан Неќак, а кореографијата на Сташа Зуровац. Улогите ги толкуваат: Тања Пјевац, Ненад Пеќинар, Милован Филиповиќ, Марко Марковиќ, Игор Павловиќ, Милорад Капор, Душан Јакишиќ, Бранислав Јерковиќ, Вишња Обрадовиќ, Јована Балашевиќ и Јована Стипиќ-Радошевиќ. 

„Кога прв пат правев претстава на тема Дракула и вампири, судбината ме спои со човек роден во местото во кое е роден и Влад Цепеш, попознат како Дракула. Човекот ми го покажа портретот на Влад Цепеш и гордо ми го покажа својот профил. Тоа беше истата личност. Побарав да ми раскаже сѐ за вампирите. На тоа, тој скокна и почна да ме навредува, дека не знам ништо, дека Романија никогаш немала вампири и дека Влад бил голем владетел и човек. Подоцна дознав дека бил во право, Романија нема вампир во својата митологија, а го добила благодарение на Брам Стокер кој својот роман, што на почетокот се викал Гроф Вампир, подоцна го менува во Гроф Дракула поради записи кои ги нашол поврзани со Влад Цепеш. Но… ние имаме вампири. Тромеѓата меѓу Македонија, Србија и Бугарија во своите митови и народни преданија содржи приказни за вампири. Нашите вампири се малку поинакви од оној класичниот. Тие пеат и танцуваат по крововите и серат низ оџаците, и спијат состоката… Кај Марко Цепенков постои приказна за познатиот ловец на вампири од Прилеп. Неговото име е Курта и тој, како што вели легендата, настанал од повампирен татко“, вели Дуковски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ