Синоќа на подрачјето на скопската населба Драчево, полицјата уапси момче кое со себе носело полн пиштол, рамка и резерва од 61 куршум.
Како што е соопштено, Р.Д.(19) од село Морани, се шетал со пиштол „зораки“и со една рамка со 61 куршум. Момчето го привеле припадници на Интервентната полиција. По документирање на случајот, велат од МВР, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Зошто ова момче имало толку многу оружје кај себе, не е соопштено.