вторник, 5 ноември 2024

Со патен лист и стара патна исправа граѓаните може да се вратат во Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска повтори дека македонски државјани кои уште немаат пасош или лична карта со уставното име на државата, а се затекнати во странство, од 12 февруари ќе можат во земјава да се вратат со патен лист добиен во дипломатско – конзуларните претсавништва.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот рече дека и дека нема простор за паника кај граѓаните, ДКП-ата ќе работат во две смени и во сабота и во недела, додавајќи дека најголем наплив за барања на патни листови има во Германија.

„Таму има и две нови мобилни станици за издавање патни исправи. Најголем е напливот во Бон, каде се издадени над 6.000 патни листови. Потоа во Берн, Берлин, Минхен, Венеција, Рим и Љубљана“, рече Османи.

Тој кажа дека во државите каде немаме ДКП-а, односно во Африка каде што има само во Каиро, се работи на е-конзулат и патните листови ќе бидат праќани по пошта.

На 12 февруари истекува транзициониот рок од Преспанскиот договор, член 6. Османи вели дека има јасна политичка волја и од Северна Македонија и од Грција за продолжување со целосна имплементација на договорот од Преспа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ