сабота, 26 октомври 2024

Со одложување на гласањето за уставните измени Џафери купува време за СДСМ и ДУИ, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

Собранискиот спикер Талат Џафери спротивно на Деловникот за работата на Собранието ја одложи точката за гласање за потребата од отворање на Уставот, реагираше на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според Деловникот, гласањето мораше да се случи во петокот, кога беше завршен претресот и имаше обезбедно кворум за гласање. Џафери го примени членот 165 став 1 од Деловникот, иако тој регулира постапко за измени на закон, а не за измена на Устав, за што има и посебна глава во Деловникот. Наместо тоа, Џафери мораше да ги примени членовите 95 и 96 од Деловникот, според кои не смее да се одложи гласање за измена на Устав. Талат Џафери свесно го прекрши Деловникот за работата на Собранието, за да им овозможи на ДУИ и СДС да останат на власт ден повеќе. Џафери е ставен во улога на спасител на владините фотељи, прекршувајќи правни акти и процедури. Џафери е свесен дека кога и да се стават уставните измени на гласање тие ќе пропаднат, но и дека после тоа не останува ништо освен одење на избори, затоа Џафери одолговлекува“, обвини Лефков.

Тој го повика собранискиот спикер Талат Џафери да се вразуми и да ги стави на гласање уставните измени.

„Го повикуваме Талат Џафери да се вразуми и да ги стави на гласање уставните измени. Колку подолго власта вештачки се одржува, толку полошо за Македонија, но и толку потежок ќе им биде поразот“, рече Лефков.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ