недела, 22 декември 2024

Со есента се менува и приоритетот на крадците, се крадат лозови насади, грозје, земјоделски машини

За девет месеци од годинава СВР Велес, меѓу кражбите, регистрирал и кражби на грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини, алати и други предмети од ниви и земјоделски имоти на територијата што ја покрива Секторот за внатрешни работи, изјави Биљана Ѓаковска, портпарол во СВР – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Од почетокот на годината до 18 септември, во СВР – Велес пријавени се вкупно 35 кражби во ниви и земјоделски имоти. Притоа, во четири случаи било одземено грозје од лозови насади. Исто така, граѓаните пријавувале дека им биле одземени дрвја – садници, делови од системи за наводнување, делови од земјоделски машини, алати и други предмети“, изјави за МИА, Ѓаковска.

Инаку, кавадаречката полиција на 15 септември приведе три лица, поради кражба од нива.

„Полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги лишиле од слобода Н.В., на возраст од 43 години, Р.В., 20-годишно лице и 41 годишната С.В., поради извршена кражба од нива во близина на Кавадарци, сопственост на Л.Р., 54 годишно лице од кавадаречкото село Ваташа“ информираа претходно од СВР – Велес.

Оттаму додадоа дека по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ