Полицијата е на лице место и врши увид, а засега нема информации за повредени лица.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека настанот е пријавен утрово околу 4 часот.
„Во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале. Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Дали и колкава штета е направена и дали и колку пари украле крадците, од МВР најавуваат детали по завршувањето на увидот.
Во декември минатата година во трговски центар во Топанско поле се случи оружен напад на група луѓе кои исто така со експлозив разнесоа неколку банкомати, а чуварот беше нападнат. За сега нема информации дали овој случај е целосно расчистен.