недела, 22 декември 2024

Со домашна ракија и промотивен материјал, Македонците од Албанија се претставија на конгресот на ФУЕН

Македонското друштво Илинден од Тирана, Албанија кое учествува на 68. Конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) во Хусум, Германија, се претстави со свој штанд.

Објавено на

часот

Сподели

„Во рамки на активностите на овој значаен собир, со свој штанд се претстави и нашето друштво. Имаме пропаганден материјал на кој се претставени македонските носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од единствениот весник над македонски јазик Илинден“, рече за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Ѓурѓај, кој на себе имал кошула со македонски вез, не го крие задоволството од покажаниот интерес на посетителите.

„Искрен да бидам побуди голем интерес кај учесниците, кои го посетија во голем број.  Исто така не посети и Винче Лорант, претседател на ФУЕН. Имаа можност да пробаат и од домашно произведена македонска ракија“, вели тој.

Ѓурѓај, кој учествува на Конгресот, што со работа завршува утре, додава дека посебно место на штандот бил отстапен за примероците од фото албумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“, што неодамна беше промовиран во Тирана.

Според него и претставниците на 30. асоцијации на други малцинствата од Европа, на свои штандови се претставиле со пропаганден материјал.

Македонското друштвото Илинден од Тирана е рамноправна членка на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.

Во овој период редовно учествува на конгреси и други активности, а по предлог на друштвото усвоени се и Резолуции за правата на македонското малцинство во Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ