Американскиот лидер и прва дама Џил Бајден не се повредени. Додека Бајден се движел од предизборната канцеларија до својот блиндиран теренец, автомобил удрил во возилото на тајната служба што се користело за затворање на сообраќајните крстосници во близина на седиштето на стожерот во Вилмингтон, Делавер.
Возачот потоа се обидел да се пробие со автомобилот до затворената раскрсница, пред тајната служба да го опколи возилото со извадени пиштоли и да му нареди на возачот да ги крене рацете во воздух, пишува Скај њуз. Удреното возило имало видливи оштетувања на предниот браник.
Бајден застанал и изненадено погледнал кон звукот пред да биде внесен во возилото во кое веќе седела неговата сопруга. Брзо ги вратиле дома. Инаку, инцидентот не се одразил на распоредот на американскиот претседател. Тајната служба сè уште нема коментар за инцидентот.