среда, 6 ноември 2024

Со 14 килограми риба фатени двајца рибокрадци во Охрид

З.В. (62) и М.П. (43) од Охрид рано утрово биле приведени од охридската полиција откако биле фатени на брегот на Охридското Езеро откако биле забележани како пловат со кајче во водите на езерото. Во кајчето имало три пластични корита со мрежи и риба со тежина од околу 14 килограми.

Објавено на

часот

Сподели

Тие се обиделе да побегнат на полициските службеници, но набргу биле фатени и приведени во полициска станица. Уловот, кајчето и мрежите биле одземени и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ