среда, 25 декември 2024

Сноуден за шпионирањето преку апликации: Не ги шпионираат тие Епл и Гугл, туку вас

Славниот свиркач Едвард Сноуден го коментираше предупредувањето на американскиот сенатор Рон Вајден дека неидентификувани странски влади ги шпионираат корисниците на паметните телефони со помош на податоците кои ги добиваат од Епл и Гугл.

Објавено на

часот

Сподели

„Не ги шпионираат тие Епл и Гугл, туку ве шпионираат вас“, им порача Сноуден на граѓаните на платформата Икс (Твитер).

Како што додава, „не станува збор само за министерството за правда (на Соединетите Американски Држави), ниту само за САД. Други земји, исто така, ги сакаат вашите податоци. Сега прашајте се: зошто Епл и Гугл не почнале да си го ограничуваат пристапот до овие податоци? Ова претставува непријателски дизајн“.

Сенаторот Вајден во писмо предупреди дека апликациите од сите видови работат со таканаречени „пуш нотификации“ кои ги известуваат корисниците на мобилните телефони за пристигнувачки пораки, најнови вести и други ажурирања. Овие известувања до нив стигнуваат преку серверите на Гугл и Епл.

Тоа не двете компании им дава единствен увид во „сообраќајот“ кој тече од тие апликации кон нивните корисници, а за возврат ги става во „единствена позиција да го олеснат владиниот надзор како корисниците користат одредени апликации“, наведе Вајден и побара од министерството за правда „да ја укине или измени политиката која ограничува јавни расправи за оваа пракса.

„Сега кога овој метод стана јавен, ние ја ажурираме својата политика на транспарентност на известувањето за деталите на овој вид проблем. Ја споделуваме посветеноста (на Вајден) на информирање на корисниците за овие барања“, соопшти Гугл, додека во соопштението на Епл се наведува дека федералната влада ги спречува да споделат какви било информации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ