Во изјава за весникот Лајм, Снопче сепак смета дека изјавата на Мицкоски не значи дека на Вреди им се покажува вратата за излегување од Владата. Но ако до тоа и дојде, Снопче вели дека на Мицкоски му посакуваат среќа.
„Мислам дека со изјавата премиерот покажува дека е свесен од каде доаѓаат таквите иницијативи, дека некој сака да фрли искра на криза кон власта. Има тој искуство за такви прашања. Нормално, тој вели дека ако некој ја напушта владата дека му посакува среќа. И нормално, велиме и ние, на сите им посакуваме среќа ако дојдеме до тој степен. Тоа е нормална изјава, тој е премиер. Ние пак, имаме свои, автономни политики, ние сме партнер во власта, постои однос на силите, а ако партнерството не функционира, тогаш е нормално, секој на свој начин да продолжи. Тоа е прифатливо и е во спортски дух, нема ништо тука трагично. Значи, до сега нормално функциониравме како партнери и во согласност со односот на силите, не во сооднос со моќта. И, сигурно во иднина ние ќе функционираме со избалансирани сили, до реализација на нашите програмски определби“, изјави Снопче.