Во Скопје-Петровец, Битола и Струмица се измерени -2 степени, -1 во Демир Капија, Куманово,Велес, Дебар и Маврови Анови, 0 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Кавадарци и Гевгелија.
Времето во текот на ноќта и утрово променливо облачно со слаб ветер од променлив правец. Утрово од север облачноста се намалува, а појава на магла со намалена видливост има во Демир Капија, до 50 метри и во источниот дел од Скопската Котлина до 300 метри.
Времето денеска претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот сончево со мала облачност и слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
Рано утрово Скопје стигна на седмото место во светот според загаденоста на воздухот со ПМ2,5 честички – 174 микрограми на кубене метар воздух, покажа интернет страницата Ервижуал која го следи квалитетот на воздухот во големите и главни градови. Пред Скопје се Делхи, Сараево, Дакар, Лахор, Дака и Техеран. За од утре најавени се нови дождови и снег кои малку ќе го прочистат загадениот и птетен воздух кој сите го дишеме.