недела, 19 јануари 2025

Снабдувањето со струја се враќа во нормала, сѐ уште без струја се рурални населби низ Македонија

Екипите на електродистрибуција (ЕВН) санираа најголем процент од дефектите во снабдувањето со електрична енергија, во повеќе области во земјава претежно од рурален карактер, предизвикани од снежните врнежи, соопштија денеска од ЕВН.

Објавено на

часот

Сподели

„Поради обилните снежни врнежи, вчера настанаа прекини во снабдувањето со електрична енергија, претежно во руралните средини на Гостивар, Тетово, Кичево, Кавадарци, Делчево, Куманово… каде висината на снегот достигна до пола метар. Како последица на тоа, без електрична енергија вчера останаа околу 6.000 корисници. Повеќето дефекти веќе се санирани“, велат од ЕВН.

Од компанијата  велат дека екипите на електродистрибуција сè уште се активни на терен и работат на изнаоѓање на решенија за да стигнат до непристапните, проблематични места поради лошите теренски и временски услови, со цел сите дефекти да бидат санирани и снабдувањето да се нормализира за сите корисници од руралните средини. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ