„Носиме решенија за единствен регистар на возила и истите да добијат соодветни таблици. За тоа е потребна и интервенција во законот која ќе биде направена. Целта е да се направи полесно следење на употребата на службените ресурси и да се зголеми транспарентноста при користењето на заедничките добра, како и воспоставување на механизам за заштита од можна злоупотреба. Нема повеќе злоупотреба на службени возила за приватни цели. Посветено исполнуваме уште едно ветување“, напиша Томовски.
Службените возила ќе имаат таблици во боја
На координативната средба со претставници на кабинетот на претседателот на Владата, кабинетот на министерот за добро владеење, Министерствотото за финансии, Министерството за внатрешни работи и со Министерството за енергетика и рударство се договараме за единствен регистар на службени возила и истите да добијат соодветни таблици, односно таблици во боја за нивна лесна идентификација, напиша на фејсбук директорот на СОЗР, Ивица Томовски.
Објавено на
часот