Против предлогот за апанажа беше пратеникот од Левица Борислав Крмов.
Апанажата е во висина на платата на пратениците и ја исплаќа Собранието, односно организацијата во која лицето ја вршело функцијата.
Пратениците побарале апанажа во траење од 12 месеци, односно до 27 мај 2025 година. Само еден пратеник побарал апанажа од 2 месеца и 10 дена зашто потоа оди во пензија.
Законот за плата и другите надоместоци на пратеници во Собранието и другите избрани и именувани лица предвидува пратеник да може да остварува плата и по престанувањето на мандатот за време до една година, и тоа: три месеци ако мандатот на пратеникот траел до шест месеци, шест месеци доколку мандатот на пратеникот траел од шест месеци и еден ден до 12 месеци, девет месеци ако мандатот на пратеникот траел од 12 месеци и еден ден до 24 месеци и 12 месеци ако мандатот на пратеникот траел 24 месеци и еден ден и повеќе.
Исто така, со законот се предвидува пратеник да може да остварува плата подолго и од една година, а најмногу уште шест месеци, доколку во тоа време стекнува право за старосна пензија.
За време на остварувањето на ова право пратеникот нема право на други лични примања и надоместоци на трошоци.
Претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајковски информираше дека потпишал барање за престанок на апанажа на Оливер Спасовски и Весна Бендевска поради тоа што станале пратеници.