сабота, 19 октомври 2024
Олимписки квалификации во кошарка

Словенија и Хрватска се најдоа во иста група од олимписките квалификации, добра ждрепка за Црна Гора

Објавено на

часот

Сподели

Грција, Летонија, Порторико и Шпанија ќе бидат земјите кои ќе бидат домаќини на четирите квалификациски турнири кои ќе се играат од 2. до 7. јуни наредната година.

Хрватска и Словенија се најдоа во групата А која ќе се игра во Грција, со нив е и селекцијата на Нов Зеланд. На овој турнир во групата Б покрај домаќинот се уште и Египет и Доминиканската република. Првите две од групите ќе играат полуфинале, а само победникот на турнирот оди на Олимписките игри.

Црна Гора е во групата Б на турнирот кој се игра во Летонија. Црногорците се заедно со Бразил и Камерун. Во групата А на овој турнир се Грузија, Филипини и Летонија.

На турнирот во Порторико, домаќинот е во групата Б заедно со Италија и Бахреин. Во групата А се Мексико, Брегот на слоновата коска и Литванија.

На турнирот кој ќе се игра во Шпанија, Шпанците се во групата А со Либан и Ангола, во групата Б се Финска, Полска и Бахами. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ