петок, 18 октомври 2024

Словенците очекуваа сигурен медал од него, но Погачар го откажа учеството на Олимпијадата

Словенечкиот велосипедист кој оваа година триумфираше на Џиро д’Италија и Тур де Франс, нема да настапи на Олимписките игри во Париз, официјално поради преголем замор.

Објавено на

часот

Сподели

Погачар има неверојатна сезона, тој стана само еден од осумте велосипедисти во историјата кој во една година успеале да победата на Џиро Д’Италија и Тур де Франс.

Словенецот по третпат го освои Тур де Франс откако претходно на оваа трка триумфираше и во 2020 и 2021 година.

Но, ги разочара Словенците откако реши да го откаже учеството на Олимписките игри во Париз. Неговите сонародници се надеваа на сигурен медал од него.

Селекторот на словенечката машка велосипедска репрезентација, Урош Мурн ги објави имињата на велосипедистите кои ќе се натпреваруваат на Олимпијадата, а меѓу нив не е Тадеј Погачар. Официјалната верзија е дека тој нема да настапи поради замор, но медиумите шпекулираат дека ја бојкотира репрезентацијата затоа што неговата девојка не била избрана во женскиот словенечки велосипедски тим кој ќе вози во Париз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ