понеделник, 30 декември 2024

Словачкиот премиер: Ако мислите дека Русија ќе се повлече од Донбас и Крим, тоа е апсолутно нереално

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека е „апсолутно нереално“ дека Русија би можела да се повлече од Доњецк, Луганск или Крим.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако некој мисли дека единственото решение за ситуацијата во Украина е Русите да се вратат на границата каде што беа и да го напуштат Крим, тогаш тоа е апсолутно нереално. Мораме да се прилагодиме на новата реалност која сега ја гледаме“, кажа Фицо во интервју за весникот Хлавне справи.

Тој истакна дека сака конфликтот во Украина да заврши што побрзо, бидејќи во спротивно ќе донесе многу бесмислени жртви на двете страни.

Словачкиот премиер уште еднаш истакна дека поддржува само хуманитарна помош за Украина и дека не верува во воено решение на конфликтот.

„Навистина сакам таа војна да заврши, инаку ќе бидеме сведоци на голем број жртви и на едната и на другата страна без каков било резултат. Не можам да замислам како ќе изгледа мирот меѓу Русија и Украина, но ќе дојде и ќе биде болен. Наивно е да се верува дека Русите ќе ги напуштат Доњецк, Луганск и Крим“, заклучи тој.

Фицо претходно изјави дека Украина е „една од најкорумпираните држави во светот целосно контролирана од Соединетите Американски Држави“.

Тој додаде дека Западот „може да го испрати сето оружје на светот во Украина, но тоа нема да ѝ помогне воено да ја победи Русија“, како и дека повеќето европски држави се опседнати со омраза кон Русија и дека, за да ја ослаби Руската Федерација, спремни се да се борат „до последниот украински војник“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ