четврток, 6 февруари 2025

Словачка почна да увезува гас преку Турски тек

Словачката гасна компанија СПП почна да увезува руски гас преку гасоводот Турски тек од почетокот на овој месец, а се очекува испораките двојно да се зголемат од април, изјави денес претседателот на компанијата Војтех Ференц.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата не планира да го раскине договорот со руската група Газпром, кој трае до 2034 година, кажа Ференц за порталот Деник Н. Извозот на руски гас преку гасоводите низ Украина прекина на 1 јануари, откако Киев одби да го обнови договорот за транзит со Москва.

Словачка и Унгарија бараат продолжување. Словачкиот премиер Роберт Фицо минатиот месец кажа дека рускиот претседател Владимир Путин ѝ ветил на Словачка дека Газпром ќе најде алтернативни начини за испорака на договорениот гас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ