петок, 27 декември 2024
Напаѓачот калкулира со својата иднина

Следната сезона ќе биде последна за Мбапе во ПСЖ?!

Објавено на

часот

Сподели

Иднината на Килијан Мбапе во ПСЖ одново е ставена под знак прашалник, како што пренесува Л’Екип, следната сезона веројатно ќе биде последна за Французинот во Париз.

Минатата година, речиси сите беа убедени дека тој ќе се пресели во Реал Мадрид, но напаѓачот реши да стави потпис на нов договор со „светците“ до 2025 година.

Сепак, само неколку месеци подоцна почнаа да кружат гласини дека Килијан Мбапе жали за одлуката и крои планови како да замине од „Паркот на Принцовите“.

Денешното издание на Л’Екип вели дека договорот всушност е до јуни 2024 година, додатните 12 месеци се опција и тоа во корист на фудбалерот.

Клаузулата може да се активира до крајот на јули, но како што пренесува Л’Екип, во моментов Килијан Мбапе нема намера да го стори тоа со што се отвара врата за негово заминување од Париз летото во 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ