„Имаме еден феномен кој од време на време се повторува и на централно ниво кога неспособни директори на институции предводат штрајк на вработените. Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие поставен од градоначалничката Арсовска да ги решава проблемите, да обезбедува плати, наместо рационално да ги користи средствата тој повторно зачука на портите на Град Скопје, односно на буџетот на Град Скопје. Она прашање кое пет часа го повторуваа советници од Коалицијата за обнова на Македонија остана неодговорено. Неодговорено е прашањето што се случи со два милиони евра кои на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје кон средината на ноември со назнака исплата на плата за вработените за ноември и декември. Сега слушаме дека вработените на ЈСП не земале плата за декември. И на тоа прашање немаше одговор имаше некои импровизации дури и од страна на градоначалничката“, истакна Славески.
Славески посочи и дека советниците инсистираат на домаќинско и транспарентно работење од страна на Град Скопје.
„Советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не се против поддршка на претпријатијата, не се против благосостојбата на вработените, туку инсистираат на транспарентно домаќинско работење од страна на лицата задолжени за тоа“, нагласи Славески.
Тој додаде и дека во моментот има 900 барања за нови вработување од страна на директорите на јавните претпријатија, а тие тонат во загуби.